
Британската музичка ѕвезда Ед Ширан открил дека од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн.
Популарниот пејач во интервју за „ iHeartRadio“ зборувал за текстот на својата нова песна која ја снимил со Еминем и 50 Сент „Remember My Name”, во која Чери ја нарекува своја сопруга.
„Всушност ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена“, изјавил Ед.
Ед и Чери се знаат од деца, но врската ја започнале во 2015 година, кога заедно биле на забавата организирана од Тејлор Свифт во чест на 4 јули Денот на независноста на Америка.