Ел Чека со нова „бомба“: Братот на Али Ахмети и Муса Џафери го местат тендерот за ТЕЦ Осломеј и го делат ќарот (АУДИО)

Кичевецот А.Ш., кој стои зад псевдонимот Ел Чека синоќа на еден од своите Фејсбук профили објави нова аудио-бомба, во која се зборува како се местaт тендери меѓу функционери на ДУИ.

Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да нe ги изгyбaт тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја дeлaт меѓусебно заедно со Фатмир Дехари.

ФА: Како си, господине Џафери.
МЏ: Добро сум. Ти?
ФА: Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгyбимe.

 

Интересно е што во споделувањето на овој разговор на ФБ објавен од Ел Чека се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи. Уште поинтресено е што Сами Укшини е во затвор.

Дали објавувањето на овој разговор на Ел Чека е резултат и кореспондира и со неодамншени инциденти кои се случија во Мала Речица, односно, незадоволството на Командантите од Али Ахмети, останува да видиме.