
Управата за јавни приходи, УЈП, на 30 јули ќе одржи јавна аукција на која ќе се продаваат запленети предмети. На листата имат различни предмети, движни и недвижни работи (моторни возила, товарни возила, телевизори, бела техника, автобуси и друго), кои се запленети поради неплатен данок.
Почетната цена на понудените предмети, сепак варира во зависност од годината на производство, состојбата, употребливоста и слично.
Преку веб порталот http://e-aukcii.ujp.gov.mk, може да се погледнат активните аукции, да се врши on-line разгледување и преглед на достапните аукциски производи (движни и недвижни ствари), а сите заинтересирани треба да се пријават и да учествуваат во процесот на надавање и лицитација за стварите кои се предмет на јавна аукција/продажба.