Второосомичениот Зоран Милески – Кичеец попладнево е спроведен на распит кај судија на претходна постапка за случајот кој денеска го покрена ОЈО за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Вечерва и првоосмничениот Бојан Јовановски со лисици на рацете беше спроведен во судот на распит. За двајцата ОЈО бара одредување мерка притвор.
Полицијата вечерва изврши претрес во домот на родителите на Бојан Јовановскиво скопската насела Тафталиџе. Пред семејната куќа на Јовановски има полициско возило, а на влезот од дворот може да се забележи припадник на полицијата со уште две лица.