
Владата ги задолжи сите органи на државната управа на своите интернет страници, или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат, да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки, огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано.
-Владата на РСМ ги задолжи сите органи на државната управа, согласно утврдените достигнувања во заложбата 3.2 „Можност за објавување на основните информации за јавните набавки на интернет-страниците на институциите (договорни органи во јавните набавки)“, во рок од 30 дена од усвојување на информацијата, на своите интернет страници (или ако немаат своја, на интернет-страницата на институцијата под чијашто надлежност работат) да објават линкови од објавените годишни планови за јавни набавки (и нивните измени и дополнувања), огласите за јавни набавки, известувањата за склучен договор и склучените договори и известувањето за реализиран договор за 2019 година, преку автоматско преземање на податоците од Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) и истото да го вршат континуирано, како што овие документи се објавуваат на ЕСЈН, се вели во соопштението од владината прес-служба.