Николоски: Да не беше притисокот од меѓународната заедница, немаше да се случи акцијата на обвинителството

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во неговата денешна колумна за „Независен Весник“ открива детали за акцијата на обвинителството во која беше откриена медиумско-рекетарска група.

Николоски пишува дека на врвот во пирамидата во овој скандал како „како ди тути капи“ е премиерот Зоран Заев, кој е основата на рекетот.

Во исто време, како што пишува високиот функционер на опозицијата, оваа акција не би се случила доколку не се вмешала меѓународната заедница.

Тој беше убеден дека со тоа што ќе го смени името на така предавнички начин на кој го направи ќе му биде дозволено да прави тоа што сака или како што рековме- менуваат име за да крадат! Но еве не е така, а најдобар доказ за тоа е што оваа акција на обвинителството немаше никогаш да се случи и никој немаше да биде под истрага ако не беше притисокот на меѓународната заедница да се расчисти со овој криминал. Како што сум информиран меѓународната заедница во понеделникот попладне извршила уште еден притисок кога видела дека намерата е да се затскријат главните и да одговараат само извршителите, пораката е дека овој случај внимателно ќе се следи и нема да се дозволи криминалот да остане недопрен и неказнет. Тоа е така затоа што основа на меѓународните добри пракси на западниот свет е владеење на правото и тие никогаш нема да дозволат тоа да не се почитува. Може “капо ди тути капи” дома да лаже колку сака дека има поддршка и да ја злоупотребува меѓународната заедница, но фактите и реалноста го демантираат – пишува Николоски.