
Две лица се уапсени во Приштина поради трговија со човечки органи и нелегална трансплантација на органи, соопшти косовската полиција.
Уапсена е една Албанка и турски државјанин.
„Двајцата се осомничени за незаконска трговија со човечки органи и нелегална трансплантација. По налог на обвинител, против нив е покрената редовна процедура“, соопшти полицијата без да наведе повеќе детали за случајот.