
Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.
Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.
Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии. (МИА)