
Во пад на мал авион во австриските Алпи во близина на германската гранциа, загинале три лица, соопштија во петокот австриските власти.
Австриската полиција за германската новинска агенција DPA одговорила дека сѐ уште не е познат идентитетот на тројцата смртно настрадани.
Авионот во четвртокот околу 17,30 часот удрил во карпа на височина од околу 2.300 метри во планините близу местото Лојташ, недалеку од познатиот германски скијачки центар Гармиш-Партенкирхен.
Властите наведуваат дека авионот целосно изгорел по ударот, и дека засега сѐ уште не е познато каде бил регистриран и во кој правец летал.