Румен Радев бара „црвени линии“ за македонските евроинтеграции, Заев вели дека е човек што гради пријателство со Бугарија

Бугарскиот престедател не гледа европска перспектива за Македонија се додека не се расчистат спорните  историски прашања мегу двете земји. Поддршката на Бугарија не е безусловна и безрезервна порача  Румен Радев. Спред него , Скопје треба да  ги исполни обврските од договорот за Добросоедство и да се обврзе на искрен и отворен дијалог со Бугарија. Софија пак треба јасно да ги постави црвените линии во однос на  историските и образовни прашања, потенцира Радев.

Премиерот Заев пак не се сомнева во добрите намери на соседот и очекува спорните моменти во работата на македонско бугарската комисија  да бидат надминати .

Порака на Румен Радев е само една во низата кои во последно време се почесто доагаат од Софија. Минситерката за надворешни работи Захариева неодамна порача дека Бугарија нема да прави компромиси со својата историја и вистината. Разговорите во комисија запнаа околу ликот и делото на Гоце Делчев. Откако во јуни експерите не постигнаа догвор за потеклото и заедничкото славење на ревеолуционерот, закажана е нова средба во септември . Токму за два месеци , се очекува и посета на Пендаровски на Софија.

Јас сум човек кој што гради пријателство, е ставот на премиерот Зоран Заев на прашањето да даде коментар за „црвените линии“ кои ги најави претседателот на Бугарија Румен Радев во односите со Македонија и оти поддршката нема да биде безусловна.

Заев вели дека Бугарија е наш стратешки партнер и оти се надева на нивна поддршка.

Интерес и на Бугарија е Северна Македонија да биде во ЕУ и НАТО.Употребата на зборовите значи и мотивација двете страни да ги надминуваат отворените прашања кои во моментов се меѓу двете комисии за надминување на историските разлики-вели Заев.