Том Круз повторно како Маверик во Топ ган 2-објавен и трејлер

Том Круз повторно влегува во улогата на Маверик во продолжението за „Top Gun“.

„Paramount Pictures“ го објави првиот трејлер за „Top Gun: Maverick“ во кој 57-годишниот актер ќе има задача да го обучува синот на неговиот поранешен партнер Гус, кој почина за време на вежба. Кадрите од видеото потсетуваат на првиот дел од филмот од 1986 година.

„Top Gun: Maverick“ ќе започне да се прикажува во кино салите во јуни следната година.

Вал Килмер повторно го игра Ајсмен, а нови имиња се Мајлс Телер, Џенифер Коноли, Џон Хем и Џеј Елис.

Овој проект првпат беше најавен во 2010 година, а го режира Џозеф Козински.

„Пилотите се враќаат, потребата од брзина. Ќе имаме големи, брзи машини, тоа ќе биде натпреварувачки филм, како и првиот, но напредок за Маверик“, изјави Круз.

Оригиналниот „Топ ган“, режиран од Тони Скот, е еден од синонимите на 1980-ите и заработи 350 милиони долари на светско ниво. Продолжението доаѓа во киносалите на 16 јуни 2020.