Јаревски: Новиот пукт за зависници во Карпош ќе биде вистински кошмар за жителите на оваа општина

„Секое утро иста или слична глетка. И тоа со мал број зависници од Карпош. Сега другарчињата на Боки13 од СДС решиле да ги донесат за терапија и зависниците од Љака, Грчец, Кондово цел Сарај и Ѓ. Петров. Замислете ја глетката потоа. Имаат право што се гневни граѓаните. Ова се слики од место каде во радиус од 500м се три големи средни училишта, едно основно, трговски центар, ах да, и просториите на Општината. Прав рај за “сомнителните типчиња” од тротоарите, вистински кошмар за граѓаните што живеат во Карпош и се секојдневно сведоци на истото.
П. С Сарај има и простор и персонал за згрижување на зависниците што сега сакаат да ги наметнат и третираат во Карпош“, објави на својот фејсбук профил, Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.

Повод за неговата реакција е неодамнешната информација на Министерството за здравство дека од септември, зависниците од Центарот во Кисела Вода, ќе се распределат во уште 4 пункта, зависно од местото на каде живеат. Беше посочено дека пациентите кои се вклучени во програмата за третман и превенција на зависности ќе можат да добиваат метадон, освен во Кисела Вода и во психијатриската болница Скопје, на уште 4 нови локацииа: во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто и Бардовци, како и во Градската општа болница „8 Септември“.

Инаку, минатиот месец жителите на Кисела Вода кои живеат во непосредна близина на Центарот, неколку денови по ред одржуваа протести и блокираа улици, изразувајќи го револтот кон Министерството за здравство и одговорните од Оштината кои не нудеа решение за нивните апели и барања за дислоцирање на Центарот за зависници. Посочуваа дека нивните семејства, пред сѐ деца, се чувствуваат небезбедно во секојдневното живеење.

А, по последната најава на Министерството за активирање на уште 4 пункта за лекување на зависниците и жители од општините каде се наоѓаат новите локации, исто така, најавуваат дека ќе излезат на протести. Пред сѐ поради фактот што во непосредна близина на поликлиниките се наоѓаат училишта, градинки и паркови каде што си играат деца. Освен тоа, рекациите се и поради фактот што пунктовите што се предлагаат немаат соодветна опременеост ниту потребен кадар за третирање на зависниците.

Жителите на општина Гази Баба и во јуни протестираа, откако имаше најава од надлежните за отворање на нов пункт за зависници во нивната општина, по што беше повлечена намерата на Министерството за отворање пункт во оваа општина.