Два нови книжевни проекта од Зоран Пејковски

Еден од најплодните македонски автори, Зоран Пејковски, својата читателска публика ја изненади со уште два книжевни проекта, кои покрај уживањето од страна на читателската јавност, ќе најдат и своја практична примена како патокази за студентите по драматургија.

Имено, станува збор за две новообјавени книги: „Патиштата на дијалогот во театарот преку Константин Сергеевич Станиславски и Бертолд Брехт“ (учебник за студентите по драматургија) и детската драмска пиеса „Мали детски разговори“. Значи покрај веќе неодама објавените книги: „Драмата во стих во македонскиот театар“ (учебник за студентите по драматургија) и поемата „Од предците за потомците или збратимени во името на своите предци“.

Со тоа опусот на Пејковски за кус период се звогатува за уште негови четри објавени книги на македонски јазик, како и „Requiem dla miᴌṥci“ („Реквием за љубовта“ драма во стих во 5 сцени, со пролог и епилог одиграна во 2018 година во Полска, за која минатата година ја добива и меѓународната книжевна награда за литература Клеменс Јаницкиевич за најдобар драмски текст, а еве 2019 година излегува од печат), како и објавувањето на аудио книгата „Здивот на смртта“ кои стиховите ги говори актерот од Народниот театар од Битола, Борис Чоревски, за која минатата година од реномираната издавачката куќа „Феникс“ од Скопје ја добива и наградата „Орфеј“, што значи овој е шести книжевен проект на драмскиот писател, поет, прозаист, драматург, публицист, преведувач и литературен критичар, почесен академик и амабсадор на мирот, Зоран Пејковски.

Ова е доказ дека неговите книжевно-драмски, прозни, поетски и научни остварувања не застануваат, туку тој се движи напред кон хоризонтот на книжевните видици и врвици кој попусто не е споредуван со Емил Зола во француската литература или Антон Павлович Чехов во руската литература, како единствен натуралист во македонската литература.