Сидорф го чека крајот на месец мај

Само неколку минути откако неговиот тим го одигра последниот натпревар за оваа сезона во италијанската Серија А, предводникот на Милан, Кларенс Сидорф откри дека на крајот од месец мај ќе знае дали и во новата клупска сезона ќе престојува на „Сан Сиро”.

„Нема да ги користам фудбалските медиуми за да испратам некаква порака до клупските челници. Сите го знаат мојот став, сум повторил дека јас имам договор со Милан. Се ќе биде познато за неколку дена. На крајот од месец мај ќе имам состанок со клупските челници. Ќе ги решиме сите дилеми, ќе поработиме на стратегијата за новата клупска сезона. Ова е ново искуство за мене, прв пат сум на другата страна од соблекувалната. Мислам дека создадов една добра, функционална група на фудбалери. Сметам дека овој тим има светла иднина”, изјави младиот холандски стручњак.