Историчарите од Заев бараат јавно извинување и почитување на историјата

Историчари бараат извинување од премиерот Зоран Заев кој изјави дека Македонија краде историја.

Професорката Наташа Котлар, во изјава за Алфа, вели дека ова е директен удар врз македонската наука.

-Како Македонка барам јавно извинување од претставниците на извршната власт, да се извинат за она што е како формулација крадење на туѓа историја. Ние Македонците и македонскиот народ сме се вградиле во сите вертикали на историското постоење и акти и како тоа бараме и јавно извинување  и почитување на нашата историја, порачува таа.