
Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез, ги израдува најверните фанови на популарните „азури“ со изјавата дека неговиот тим ќе биде уште посилен во новата клупска сезона.
Иако најавија атак на популарното „скудето“, избраниците на трофејниот шпански стручњак на крајот мора да се задоволат со третата позиција на првенствената табела која гарантира настап во последното квалификациско коло од Лигата на шампиони.
„Изминатата сезона можам да ја дефинирам како позитивна, но Наполи ќе биде уште посилен во новата клупска сезона. Постигнатиот број на погодоци и јасен сигнал дека немаме никаков проблем со менталната подготвеност. И покрај честите критики, Наполи ја има третата најдобра одбрана во Серија А. Имаме совршен баланс, а не смееме да заборавиме дека Наполи, повторно, петта сезона по ред обезбеди настап на европската сцена. Работевме напорно цела сезона и имавме одличен, најдобар пазар на фудбалери. Ја намаливме старосната граница и во првиот тим има неколку фудбалери кои поседуваат невиден талент”, изјави Бенитез.