Дублерот на Вин Дизел паднал на глава од 10 метри висина

Дублерот на актерот Вин Дизел од серијалот „Брзи и бесни“ е тешко повреден откако паднал на глава од висина од 10 метри. Каскадерот бил итно однесен во Кралската болница во Лондон.

Каскадерот паднал од балконот кога снимал тензична сцена од филмот, иако имал сигурносно јаже.

– Човекот требаше да скокне од балконот, потоа да се фати за јажето под него и да се спушти на земја. Тоа не се случи поради проблемот со јажето – велат очевидци.

Снимањето на филмот е прекинато за еден ден.

Најновиот филм во серијата, во кој ќе глумат Мишел Родригез, Шарлиз Терон и Џон Сена, ќе биде прикажан во кината во 2020 година.