Ване Цветанов назначен за в.д директор на Советот за унапредување и надзор на ревизија

Ване Цветанов, поранешен директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, е нов претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата.
Цветанов претходната функција ја извршуваше во време на владеење на Никола Груевски, но потоа дојде до разидување со политиките на ВМРО ДПМНЕ, откако Цветанов укажа на некои сомнителни трансакции и изнесување пари од Македонија, пишува „Ако“.

Во негово време беше откриена аферата со Срѓан Керим и неговиот возач, кој изнесе неколку стотици илјади евра во шише.
Потоа, следуваше обвинение за Цветанов во случајот Шпион и негово апсење.

Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелациониот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години, која нема да се изврши ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Инаку, Ване Цветанов беше дел од Шарената револуција, а потоа го формираше здружението Зелена лупа кое се занимаваше со мониторинг на судски процеси и помош на неправедно осудени лица.