Десетици убиени во напади во три авганистански покраини и во Кабул

Најмалку 56 лица се убиени во последното деноноќие во напади во три авганистански покраини, вклучително и напади во главниот град Кабул, каде за два од трите бомбашки напади одговорноста ја презема ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во четвртокот преку својата новинска агенција Amaq.

Во тројниот бомбашки напад во авганистанската престолнина Кабул убиени се најмалку 15 луѓе.

„Прво експлодирала бомба подметната под автобус, потоа кај местото на несреќата се разнел бомбаш самоубиец, а третата експлозија се случила кога непознати милитантит активирале автомобил-бомба“, изјавил за медиумите Насрат Рахими, портпарол на авганистанското министерство за внатрешни работи.

Исламаската држава ја презема одговорноста за првите два напада. Цел на џихадистите било возило на авганистанската влада.

Исламистичкото движење Талибан, пак, ја презема одговорноста за третиот напад изведен со автомобил-бомба. Талибанскиот портпарол Забиула Муџахид рекол во електронска порака до медиумите дека цел на бомбардирањето бил конвој на „странските освојувачи“.

Покрај нападите во Кабул, бомбашки крајпатни напади се изведени и во источната авганистанска покраина Нангахар, во кој се убиени девето цивили, од кои шест жени и три деца. Истовремено, убиени се најмалку 35 полицајци во талибански напад врз авганистанска инфраструктура во северната покраина Такар.