Законот за попис пред собраниската Комисија

Собраниската Комисија за европски прашања денеска треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија, во прво читање.

Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања 2018 – 2022, Државниот завод за статистика во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот попис.

Според Предлог-законот, се предвидува дека за пописот ќе бидат потребни 522.751.000 денари од кои 221,315,000 за 2019 година и 301,436,000 за 2020 година.

Финансиски импликации врз државниот Буџет ќе има и во 2021-ва (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање), но во предложеното законско решение не пишува колкава сума треба да се проектира.