
На 28.07.2019 година во 15,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш кај с.Лакавица патничко моторно возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(65) од Украина, со живеалиште во Радовиш, излетало надвор од патот. Возачот и сопатникот И.Ф.(63) од Русија, со живеалиште во Радовиш биле пренесени во Клиничката болница во Штип каде им била укажана лекарска помош и кај В.Б. констатирани биле телесни повреди, додека кај И.Ф. констатирани биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.