
Сите земји во светот не се создадени еднакви. Постојат различни фактори кои придонесуваат за тие да се прогласат за здрави и среќни земји – како и прични според кои тие се означуваат како нездрави земји.
Најчесто, за најздрави земји се сметаат оние што се развиени. Овие земји имаат пониски стапки на загадување, пристап до квалитетна здравствена заштита и пристап до чиста, безбедна вода за пиење.
Нездравите земји, пак, од друга страна, немаат пристап до чиста вода за пиење или до кој било вид на здравствена заштита, а имаат многу разновидни болести. Загадувањето е големо, што доведува до здравствени проблеми, болести и смрт кај населенито. Очекуваното траење на животниот век на жителите на овие земји е мало, а смртноста кај новороденчињата е голема. Квалитетот на животот е драматично помал отколку во поразвиените земји.
Глобалниот здравствен индекс „Блумберг“ разгледува неколку од овие фактори и ги рангира најздравите и нездрави земји во светот. Факторите што се користат за рангирање на државите вклучуваат: здравствени ризици (употреба на тутун, висок крвен притисок, дебелина), достапност до чиста вода, очекуваното траење на животниот век, неисхранетоста и причини за смртност.
Користејќи ги овие фактори, секоја земја е оценета со врвен резултат од 100. За време на последното рангирање на „Блумберг“ во 2017 година, Италија беше на врвот на скалата оценета како најздрава земја во светот. Нацијата постигна над 93 поени со животен век над 80 години. Другите земји што беа рангирани високо ги вклучуваа Исланд, Швајцарија, Сингапур и Австралија. Освен претходните клучни фактори, активностите на отворено и вежбањето, висококвалитетна здравствена заштита и здравите диети, се дополнителни фактори што придонесуваат за поздрав начин на живот на овие нации и повисоки очекувања за траење на животниот век.
Според „Блумберг“ глобалниот здравствен индекс, во топ 10 најздрави земји во светот за 2019. се рангирани : Шпанија 2.Италија 3.Исланд 4.Јапонија 5.Швајцарија 6.Шведска 7.Австралија 8.Сингапур 9. Норвешка и на 10. место е Израел.
На листата од 56 рангирани земји, Македонија го зазема „почесното“ последно место. Пред нас се: Србија, Аргентина, Мексико, Кина, Турција, Панама, Оман, Унгарија и Уругвај.
„Блумберг“ го оценува здравството во Македонија со степен од 60,21, додека прворангираната најздрава земја, Шпанија, има оценка од 92,75. Во Македонија има едно раѓање на секои 24 минути, една смрт на секои 25 минути и еден нето мигрант на секои 480 минути. Според проекциите на „Блумберг“ за движењето на населението, тоа ќе се намалува од година во година. Во 2020. ќе изнесува 2.083.374 жители, а во 2095 година ќе биде преполовено, или Македонија ќе има 1.297.057 жители.
За споредба, во Шпанија секоја минута се раѓа по едно дете, секоја минута умира по едно лице, а на секои 13 минути има по еден нето мигрант. Во 20120 година населението ќе брои 46.754.776, а во 2095. ќе изнесува 33.810,791. Шпанија има трето најниско ниво на смртност во светот. Некои го припишуваат ова на медитеранската диета, додека други велат дека тоа е така затоа што земјата добро напредува против болестите, како што се разни видови на рак.
Во однос на квалитетот на животот, здравствената заштита и неопходниот пристап до вода за пиење и канализација, Шпанија исто така добро котира. 100% од населението има добар пристап до чиста вода, а само 1% немаат добри санитарни услови за живеење. Покрај тоа, за здравствената заштита се издвојуваат приближно 9% од националниот БДП на годишно ниво, со што се финансираат најмалку 3 лекари на 1.000 жители и најмалку 3 кревети на 1.000 жители.