Премиерот Заев и вицепремиерот Османи уверувата дека дивоградбата на Нефи Усеини ќе биде отстранета и доколку општината нема храброст, тоа ќе го направи Владата.
Освен за ресторанот на советникот кој според критериумите на УНЕСКО треба да биде срушен, за инцидентот во кој Усеини нападнал универзитетски професор, од власта тврдат дека ако ги прекршил законите, ќе одговара, независно како тоа ќе влијае на коалиционите односи.
Од МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека Усеини бил повикан на разговор. ВМРО ДПМНЕ пак бара од министерството за внатрешни работи да преземе мерки против него за да не се повторуваат тепачките.
За инцидентите, дивоградбите и тендерите на советникот Усеини реагираат и од Алијанса за Албанците кои ја обвинуваат власта дека кога се зборува за функционери од ДУИ, сите молчат и не се постапува по закон.