
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека ќе го разгледа намалувањето на воените трошоци во идните буџети, откако првите три години во Белата куќа значително ги зголеми воените трошоци.
Сенатот, во кој републиканците имаат мнозинство, би требало оваа седмица да гласа за предлогот на претседателот Доналд Трамп за буџетот кој вклучува 738 милијарди долари за воената потрошувачка, што ќе придонесе за зголемување на буџетскиот дефицит на речиси билион долари.
„Сега имаме многу силна војска. Многу посилна по вој буџет. И во еден момент, многу скоро, ќе можеме тоа да го намалиме. Но моравме да ја обновиме нашата војска“, изјави Трамп во интервју за кабелската телевизија C-Span.
Трамп ги зголеми воените расходи во секој буџет од влегувањето во Белата куќа во јануари 2017 година, откако своите претходници ги обвинуваше дека ја осиромашиле американската армија.
Но некои негови републиканци, кои начелни го поддржуваат растот на потрошувачката за војската, ја критикуваат неговата последица, односно надувувањето на буџетскиот дефицит како фискално неодговорно однесувње, Минатата седмица, Претставничкиот дом, во кој опозициските демократи го имаат мнозинството, го поддржа предлог-буџетот на Трамп, бидејќи обезбедува средства за социјалните програми.