Според локалните медиуми едниот потрес бил во 16:21 часот со магнитуда од 3,4 по Рихтер чиј епицентар е регистрриан на 10 километри југозападно од Билишт. Вториот земјотрес е регистриран малку подоцна со магнитуда од 4,4 со епицентар 16 километри источно од Корча.
Двата земјотреса се почувствувани и во пограничните места на македонска и на грчка територија.
Областа на Корча беше погодена од неколку последователни подземни удари на 1-ви јуни, кога беа оштетени стотици објекти во околните села.