
Комитетот за надворешна политика на американскиот Сенат во средата одобри воведување санкции за компаниите и поединци кои учестуваат во гасоводниот проект Северен тек 2 од Русија до Германија, но законот уште треба да го потврди целиот Сенат, но и Претставничкиот дом.
Претходно во средата челникот на австриската компанија ОМV, Рајнер Зеле на прес-конференција која беше пренесува во живо на сајтот на компанијата, рече дека првиот гас во Европа преку Северен тек 2 ќе биде испорачан до полноќ на 31-ви декември 2019 година.
Според Зеле, 70 отсто од гасоводот е веќе поставен на дното на Балтичкото Море. Истакна дека проектот треба само уште да добие одобрение од Данска.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е голем противник на проектот Северен тек 2, тврдејќи дека со тоа се зајакнува зависноста на Европа од руски гас, но Германија вели дека Вашингтон сака да создаде простор за продажба на американскиот течен гас кој во моментов е поскапа опција.
Предлогото го споменатиот комитет на Сенатиот го подготвија сентарите Тед Круз, водечки републиканец, и Џин Шахин, од страна на демократите. „Русија во минатото веќе го употребуваше енергенсот како оружје“, рече сенаторот Круз.
Надворешно политичкиот одбор на Сенатот ги изгласа санкциите со 20 наспроти 2 гласа. Предлогот кој го одразува американското стравување од руското влијание во Европа, уште треба да го мине гласањето во целиот Сенат и во Претставничкиот дом, а треба да го потпише и претседателот Доналд Трамп за да стане закон.
Дикументот забранува влез во САД на сите лица и претставници на субјекти кои се вклучени во „продажба, закуп, обезбедување или помагање во осигурувањето“, на бродовите за поставување на рускиот гасовод на длабочина од 30 метри и повеќе, како и замрзнување на нивните средства кои се под американска јурисдикција.
Гласањето требаше да се одржи минатата седмицам, но сенаторот Ренд Пол достави писмо во кое ги предупреди своите колеги во комитетот дека иницијативата нема толку да ја засегне Русија, туку американските партнери во Европа и меѓународни компании кои вработуваат илјадници Американци. Особено станува збор за швајцарската компанија „Allseas“, која е ангажирана на речиси целиот морски дел од проектот, како и италијанската „Saipem“. Покрај овие, под санкциите може да потпаднат и компании од Австрија, Германија, Холандија, Франција, Финска и Шведска, предупреди сенаторот Пол. Покрај него, против предлог-законот гласаше и демократскиот сенатор Томн Удал.
Носител на проектот Северн тел 2 е руската државна компанија „Газпром“, а половината од финансиските компании се германските компании „Uniper“ и „BASF“, холандско-англиската „Shell“, австриската OMV и француската „Engie“.
Во американскиот Сенат има уште еден предлог-закон, кој веќе го изгласа Претставничкиот дом. Него го иницираше група конгресмени предводен од републиканецот Адам Кинзингер, и со него покрај Северен тек 2 се опфаќа и проектот Турски тек, а концептуално се совпаѓа со предлог-законот кој ги поднесоа Круз и Шахин.