
Најмалку 32 лица се убиени во напад врз воена парада во јеменскиот пристанишен град Аден во четвртокот, соопштија безбедносни и медицински извори.
За нападот во Аден, во чиешто предградие е сместено седиштето на владата коајшто ја поддржува Саудиска Арабија, претходно одговорноста ка презема јеменското шиитско движње ан-Ансарла, на етничката заедница Хуту, која ја има поддршката од Иран. Соопштија дека нападот на парадата го извеле со проектили и дронови.
Очевидец за агенцијата Reuters рекол дека видел девет безживотни тела по експлозија во воен логор на јеменските провладини сили,
Провладини воени извори рекле дека меѓу загинатите се и воениот командант Минир ал-Јафи. Тој командуваше во ткн Безбедносен појас, со силите ко ги обучуваат и опремуваат Обединетите Арапски Емирати. Емирати се дел од сунитската воена коалиција под водство на Саудиска Арабија.