Британската полиција нареди евакуација на гратче поради брана

Британската полиција денеска нареди евакуација на гратче со 6.500 жители во северозападна Англија поради стравувања дека блиската брана која била оштетена од обилни дождови, би можела да се урне.

Жителите на гратчето Вејли Бриџ треба веднаш да ги напуштат своите домови поради постоење „сериозна закана за нивните животи“, соопшти локалната полиција.

На жителите на гратчето, кое се наоѓа 280 километри северозападно од Лондон, им е советувано да се засолнат кај пријатели или семејство на неколку дена.