Клима уред предизвика пожар на Рекорд

Вечерва противпожарната единица добила повик за запален дел од зграда во центарот на Скопје, во близина на „Рекорд“, а според информации на Република, се запалил клима уред во кој горела хартија.

Пожарот е ставен под контрола и нема човечки жртви, а причинета е само материјална штета.

 

„Се работи за пламен кој се појавил на клима уред од надворешна страна во еден стан. Се заглавила хартија која се запалила“, велат од противпожарната бригада, од каде додаваат дека не се работи за голем пожар.