Николовски: Оддаваме почит кон нашите предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ

Генералниот секретар на СДСМ , Љупчо Николовски испрати порака од Крушево, по повод Илинден: Денеска на овој голем ден, оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседавањето на АСНОМ, кои што ги ставија темелите на нашата државност.

Како сериозна и одговорна партија, имаме чест и обврска, заедно со вас граѓаните, да го продолжиме тој пат, на слободата, демократијата, имтеграцијата и напредокот.

Остануваме силно посветени на градењето на едно општество за сите граѓани.

Остануваме силно посветени на нашите клучни цели, членство во НАТО и ЕУ.

Нека е честит и вековит 2 Август, Денот на Републиката.