НАТО подготвен за ‘одмерен’ одговор на ‘руското кршење’, Москва нуди мораториум

НАТО ги договорил начините за одвраќање на Русија од лансирање на нова конатинентална ракета со среден дострел соопшти Алијансата во петокот и порача дека ќе одговори на „одмерен и соодветен начин“, а истовремено со истапувањето на САД од договорот за елиминирање на проектилите со кус и среден дострел Москва порача дека тој не постои но на европските и парнетрите во Вашингтон им понуди мораториум на распоредувањето на проектилите во Европа.

САД и формално се повлекоа од Договорот за елиминација на проектилите со среден и мал дострел (INF – Intermediate Nuclear Forces Treaty), потпишан со тогашниот Советски сојуз во 1987 година во петокот, откако тврди дека Русија не се придржува до него.

„Русија единствена понесува одговорноста за пропаѓање на договорот,. НАТО ќе одговоро на одмерен и одговорен начин на значителните ризици кои ги претставува рускиот проектил 9М729… Се договоривме за рамномерен, здружен и одбранбен пакет мерки“, се наведува во соопштението на Алијансата.

Русија претходно во петокот порача дека очекува од САД да прогласи и да го почитува мораториумот за распоредување на нуклеарни проектили со кус и среден дострел во Европа, откако Вашингтон потврди дека се повлекува до договорот. Москва ги обвини САД за пропаѓање на договорот, истакнувајќи дека тоа е „последица од иницијативата на американската страна“.

Раскинувањето на договорот значи дека САД и Русија ќе може легално да ги развиваат и разместуваат споменатите проектили, што особено ги обеспокојува западните европски земји американски сојузници.

„Им предложивме на САД и на друиготе земји од НАТО да ја разгледаат можноста за прогласувње ист вид мораториум на распоредувањето на проектили со кус и среден дострел како и нашиот, како и оној кој го прогласи претседателот Владимир Путин“, рече заменикот министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кого го цитира агенцијата ТАСС.

Американскиот Стејт департмент објави дека Русија „не возврати со иста мерка и доверба за почитување на договорот INF“, бидејќи не го уништила својот ракетен систем кој според Вашингтон не е во согласност со договорот. САД ѝ дадоа на Русија рок од шест месеци да ги елиминира овие проектили, потсетува агенцијата Reuters. Станува збор за проектилот „ Новатор 9М729 “, кој НАТО го класификува под ознаката „SSC-8“, кој е крстосувачка ракета со среден дострел која се лансира од копно, според американскот тврдење, што Москва го отфрла.

Русија наведува дека дострелот на новиот проектил не е поголем од 500 километри, како што тврдат САД, што значи дека е во согласност со INF. Москва го обвини Вашинтон дека измислил лажен изговор за да се повлече од договорот кои и инако сака да го напушти за да развива нови ракети. Максималниот дострел на ракетата 9М729 изнесува 48о километри, истакна во средата началникот на ракетните војски и артилеријата, генералот Михаил Матвеевски, кој посочи дека станува збор за модернизирана верзија на проектилот 9М728 кој влегува во составот на ракетните системи „Искандер-М“, која има 10 километри помал дострел.

САД веќе претходно се повлекоа од сличниот билатерален договор со Русија, Договорот за антибалистичките проектили од почетокот на 2000-те година, твдејќи дека мора да развива антибалистичка одбрана од „одметничките “ држави како што се Иран и Северна Кореја.

Договорот за намалување на стратешкото оружје (СТАРТ-3) е една од основните точки во преговорите меѓу САД и Русија за стратешката стабилност и е единствениот кој во моментов е активен. Договорот потпишан во 2010 година од тогашните претседатели на суперсилите Барак Обама и Дмитриј Медведев, останува единствениот договор во моментов кој е на сила меѓу САД и Русија за ограничување на оружјето. Договорот истекува во 2021 година, а досега Вашингтон не се изјасни дали ќе го продолжи, имајќи предвид дека на 2-ри февраури годинава се повлече од Договорот за неупотребување на ракетите со среден дострел. Москва, пак, во неколку наврати искажа подготвеност да се разговара за овој договор. Американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да ја вклучи Кина во разговорите за продолжување на договорот за стратешкото ракетно вооружување СТАРТ-3.

Русија минатата година објави дека го тестираше проектилот „Авангард“ од полигон јужно од Урал кој погодил цел на растојание од околу 6.000 километри на полуостровот Камчатка. Путин предупреди дека хиперсоничниот прокетил „Авангард“ не може да го соборат постојните и противракетните системи во следните неколку генерации кои би ги развивале потенцијалните непријатели.