
Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста, порача поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
-Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава. Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува. Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал. Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Честит Илинден, Вечна Македонија, порача Иванов.