Топлотниот бран брзо го топи мразот на Гренланд – експертите загрижени

Топлотниот бран што ја зафати Европа минатата недела и ги собори рекордните температури, сега се префрли на Гренланд. Резултатите се трагични. Вториот најголем слој мраз во светот брзо се топи а топлотниот бран го забрзува процесот. Само во јули, Гренланд изгуби 160 милиони тони мраз. И покрај тоа што навидум се случува далеку од Европа, последиците ќе се почувствуваат насекаде.

Гренланд најмногу придонесува за зголемувањето на нивото на морето, а ова топење, само во јули, има последица еквивалентно на 0,5 мм зголемување на глобалното ниво на морињата. Исто така, затоплувањето може да го урне рекордот од јули 2012 година кога 97 проценти од ледениот слој на Гренланд доживеа висок степен на топење, бидејќи температурите овој пат се очекува да останат високи.

Сезоната на топење трае до крајот на август и само тогаш ќе се знае степенот на топење, велат експертите. Покрај тоа, оваа година, сезоната на топење започна еден месец порано од вообичаеното. Ова, заедно со екстремната топлина од јуни, проследена со високите јулски температури кои кулминираа со сегашниот топлотен бран, придонесоа за големо топење на мразот.

Климатските активистите повикуваат на дејствување во Гренланд за да се намали топењето мраз. Арктикот како целина се загрева брзо, како и остатокот од светот, феномен што се припишува на климатските промени предизвикани од човекот.