ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев прославата на Илинден ја претворија во партиска прослава

Кои се членовите на групата што скандираа “Северна , Северна”? Кој им дал таква задача и дали тоа го правеле само заради едно капче, сендвич или го правеле за многу посериозен надомест? Која е таа “северна” и колку ваквото скандирање ја милува “жицата македонска” на Зоран Заев? СДСМ е срам за Македонија и Македонците, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ од каде додаваат:

„Заевиот СДСМ е срам и за искрените и чесни членови на партијата, кои знаат дека Македонија е пред се и над се. Патем, интересен е изборот на СДСМ да не го коментира случајот Рекет во кој што се длабоко заглавени а од целата прес конференција да реагираат само на одговори на новинарски прашања. Но, во интерес на јавноста и на оваа манипулацијана СДСМ ќе одговориме. СДСМ и Зоран Заев прославата на Илинден ја претворија во партиска прослава.“

-СДСМ и Зоран Заев организираа илјадници полицајци и исто толку партиски послушници само за да не се сретнат со народот и да се чувствуваат конфорни на Мечкин Камен. СДСМ и Зоран Заев не само на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на претставниците на семејството Кареви и на другите илинденци од Крушево, не им овозможи соодветно да се поклонат пред спомен обележјата. На крајот на краиштата СДСМ и Зоран Заев организираа прослава која беше срам за целата јавност во која што се фалсификуваше историјата на Македонија и нејзината борба за самостојност, се потенцира во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.