
Неколку експлозии одекнале во понеделникот кога избувнал пожар во складиште на муниција во Краснојарскиот крај во Сибир, при што се повредени најмалку четири лица.
„Горат два објекта. Во нив има околу 40.000 топовски гранати со калибар 125 и 152 мм“, пренесува агенцијата ТАСС цитирајќи анонимен извор.
Седум лица, од кои двајца војници, по инцидентот се примени во болница, а засега нема информации за смртно настрадани. Уште пет лица примиче медицинска помош на самото место.
Евакуирани се жители во радиус од 20 километри од местото на несреќата, во близина на градот Ачинск. Според соговорникот на агенцијата, доколку дојде до експлозии на гранати дострелот ќе достигне до 15 километри.