Турчин со фалц австриски пасош сакал да се качи во авион од Скопје

Турчин на возраст од 44 години, вчера бил фатен на скопскиот аеродром со фалсификуван австриски пасош, соопшти МВР.

Тој се пријавил за излез од Македонија, а полицаецот на пасошка контрола се посомневал во исправноста на пасошот. Имено, био страната не била оригинален туку бланко образец со вметнати податоци, а на една од страниците имало и два фалсификувани печати за излез и влез од Косово, како и еден влезен печат за Македонија.

По претресот, кај Турчинот била пронајдена и фалц австриска лична карта.