
Кабел од бандера се скинал и паднал врз покрив од куќа во скопското село Визбегово.
Кабелот предизвикал пожар во кој биле опожарени кровната конструкција и вториот кат од куќата.
Случајот во полиција го пријавил сопственикот. Повредени лица нема, а скопските пожарникари успеале да го изгаснат огнот.