ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во криминалот на аболицираниот Заев и неговата криминална банда; СДСМ: Тоа е партија која 11 години грабаше од граѓаните

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владеачката СДСМ ја продолжија денешната вербална пресметка со реакции на инзесените ставови во текот на денот.

„Македонија тоне во криминалот на аболицираниот Заев и неговата криминална банда. Овие луѓе веќе три години го прават животот на граѓаните вистински пекол. Спроведуваат општ грабеж преку криминални тендери и грантови тешки милиони евра, кои завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери, се вели во реакцијата на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на ставовите на г. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ преку соопштени нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ не е можно ништо што е во интерес на граѓаните, тоа е партија која 11 години грабаше од граѓаните.

Потоа дека не е можно парите да се враќаат кај граѓаните затоа што токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години само грабал од граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ не било можно да има евтина тарифа на струјата, затоа што токму оваа партија ја укина и ја поскапи цената на електричната енергија, како и тоа да има инвестициски циклус за изградба на капитални проекти, бидејќи нивните инвестиции биле провизиите, криминалните тендери, пропустите на автопатите, лажниот барок и спомениците.

„Истата ВМРО-ДПМНЕ од скапоцениот дворец велеше дека не е можно да има поврат на 15 отсто ДДВ за граѓаните, а досега над 70 милиони денари се вратени назад кај граѓаните по основ на поврат на платено ДДВ и скенирани над 8.5 милиони евра. Со години за ВМРО-ДПМНЕ не беше можно земјоделците да добиваат поевтина нафта, ти ги понижуваа земјоделците.

Денес земјоделците веќе ги добиваат картичките за набавка на „зелена нафта“ поевтина за 30 отсто, 200 милиони денари се враќаат кај зејоделците.

Ништо ново од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија навикната само на земање од граѓаните, се противи на секоја мерка што обезбедува повеќе пари ја граѓаните и економски раст и развој.

Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и конструира случаи реалните економски политики даваат реални резултати потврдени преку бројни економски показатели, трошоците се намалуваат и се повеќе пари завршуваат кај граѓаните“, невдуваат од СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ порачаа: „Додека тие ги бројат милионите на своите сметки испумпани од џебот на граѓаните, обичниот човек се бори за парче леб. Повеќе од половина милион граѓани живеат во сиромаштија и денот го поминуваат со еден оброк.

Нема ништо од ветувањето на Заев за просечна плата од 500 евра, а нашите граѓани ја земаат најниската плата во регионот.

Аболицираниот Заев секојдневно ги задолжува граѓаните за милиони евра, а истовремено реализацијата на капиталните инвестиции за првите 6 месеци од годината е под 20 проценти. Во превод оваа Влада не работи ништо, нема нови училишта, спортски сали, болници, градинки.

Граѓаните со право се прашуваат каде се парите? Парите се ,,инвестирани” во бентлито на Трајче, во скапите мотори на Зоки, во партиските и непотистички вработувања додека дипломите на младите фаќаат прашина на полиците. Младите немаат работа и си заминуваат од државата, повеќе од 80 проценти од граѓаните бараат начин како да си заминат од Македонија.

Ова е животот кој го донесе Зоран Заев, живот исполнет со чемер и јад, криминал, корупција и рекет. Граѓаните ќе ја казнат криминалната банда на чело со аболицираниот Заев. На следните избори ќе го испратат овој човек на маргините на политичката историја во Република Македонија“.