Кутињо го одби Тотенхем

Играчот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо одби преселба во Тотенхем за остатокот од сезоната.

Информациите се од „Скај Спортс“, каде порано денес се тврдеше дека токму „петлите“ биле најблизу до Бразилецот.

И Кутињо и Барселона претпочитаат постојан договор, но сега тоа се чини се помалку и помалку остварливо со клуб од Премиер лигата, бидејќи прозорецот во Англија се затвора утре, а никој сè уште не сака да плати 80 милиони фунти, барани од Каталонците.

Веднаш по одбивањето на Кутињо, Тотенхем упати нова понуда кон Бетис за играчот од средниот ред Џовани Ло Селсо. Според „Скај Спортс“, предлогот е за 60 милиони евра.

Во меѓувреме, Тотенхем се обидува да ги договори личните услови на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дубала. Двата клуба веќе се согласиле за трансфер на Аргентинецот во вредност од 64,4 милиони фунти.