Екипата на Манчестер Јунајтед нема да го привлече напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ.
Во последниве денови од трансфер прозорецот се појавија гласини дека Хрватот е фаворит да го замени Ромелу Лукаку. „Нероазурите“ и „црвените ѓаволи“ постигнаа договор за белгискиот напаѓач, а англиските медиуми зборуваат за наводна сума од 80 милиони евра.
Со едвај неколку часа до крајот на трансфер прозорецот во Англија, се чини помалку и помалку веројатно дека Јунајтед ќе привлече замена за Лукаку.
Друг кој ќе си замине од „Олд Трафорд“ во последниот ден се очекува да биде дефанзивецот Маркус Рохо, кој е мета на Евертон.
Се очекува „карамелите“ да го привлечат играчот за околу 25 милиони фунти.