Затворени две аптеки, издавале лекови без рецепти на наркозависници

СВР Велес во координација со Одделот за криминалистичка полиција и Агенцијата за лекови и медицински средства при Министерството за здравство вчера изврши претрес во две аптеки и дом, сопственост на В.Ј.

Од МВР информираат дека во аптеките е откриено незаконско работење околу набавка на лекови и издавање на лекови без рецепти на уживатели на наркотични дроги во големи количини.

Од страна на Агенцијата се изготвени записници за затворање на аптеките.

При претресот се одземени предмети-докази во врска со овој случај. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.