Двајца полицајци повредени откако со службено возило се судриле со автомобил

Двајца полициски службеници и уште едно лице се полесно повредени откако изминатата ноќ во Скопје се случил сообраќаен инцидент меѓу полициско возило и приватен автомобил, инфомираше во петокот Министерството за внатрешни работи.

Сударот се случил ноќеска на раскрсницата на улиците „Интернационални бригади“ и „Миодраг Илиќ“, меѓу „шкода “, сопственост на МВР и „берлинго“ со скопски регистарски ознаки управувано од 23-годишниот А.С. од Скопје.

Во сообраќајката повредени се двајца полициски службеници и возачот А.С. . Сите тројца се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош.