Чифлиганец: Беспредметно е споменувањето на моето име во „Рекет“

Бизнисменот Ванчо Чифлиганец денеска во писмено соопштение ги негираше наводите изнесени во новите објавени снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и Јордан Камчев за случајот „Рекет”.

„Би сакал одговорно да и соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име“, стои во изјавата на Чифлиганец.