Во торнадо во Луксембург повредени шест лица

Шест лица се повредени при минување торнадо на југозападот од Луксмбург, кое предизвика материјални штети, според прелиминарната процена на противпожарната служба.

Ветерот дувал во налети до 129 километри на час, според луксембурката метеоролошка служба. Торнадото по 17,30 часот по локално време ги зафатил обкластите на Басшкараж и Петањ, места на југозападот од Луксембург на границата со Белгија и со францускиот град Лонгви.

Стотина жители претрпеле штети, рекол градоначалникот на Петањ, Пјер Мелина, пренесува телевизијата RTL. Според емитуваните снимки, ветерот искорнал стебла, некои автомобили се оштетени, а патиштата блокирани. Други патни правци се поплавени или блокирани од наноси.

Железничкиот сообраќај меѓу градот Луксембург и Лонгви, исто така, отежнато се одвива. Снабувањето со електрична енергија во некои места било превентивно прекинато.