
Американското филмско студио „Universal“ одлучи по полемиките во врска со неодамнешните масовни пукања во САД и острите критики на претседателот Доналд Трамп да го откаже прикажувањето на својот филм „The Hunt“ (Лов), во кој е прикажан насилен и садистички лов на невини жртви.
Филмот во кој глуми и оскаровката Хилари Свонк, а играат уште Бети Гилпин, Ема Робертс и Итан Сапли и во кој се раскажува за ловот на 12 луѓе кои не се познаваат меѓусебно и се бидат во една шума, требаше да почне да се прикажува кон крајот на септември во кино-салите низ Соединетите држави.
Оваа екстремно насилна приказна која претендира да биде филмска сатира за длабокиот јаз меѓу американските социјални слоеви ги покажува пребогатите неолиберлани елити кои прогонуваат и убиваат од чист сбнобизам и презир сиромашните приврзаници на претседаетлот Доналд Трамп од руралните држави, традиционалните бастиони на Републиканската партија, какпо што се Вајоминг, Мисисипи…
Призорите на насилство во најавата на филмот претставена кон крајот на јули предизвикаа огорченост додека САД беа повторно шокирани од двете масовни пукања во кои беше убиено 31 лице на почетокот од август.
Претседателот Доналд Трамп реагираше на овој филм и рече дека неговите приврзаници се вистинските жртви на насилствата.
„Левичарскиот Холивуд е расистички до највисоко ниво со многу гнев и омраза, Филмот кој ќе почне да се прикажува се обидува да запали оган и да предизвика хаиос. Тие создаваат насилство и потоа одговорноста ја префрлаат на другите. Тие се вистински расисти и многу се лоши за нашата земја“, објави на Twitter во петокот претседателот Трамп, но изрично не спомена дека станува збор за филмот The Hunt.
Портпаролот на „Universal Pictures“ во соопштение наведе дека ја прекинал маркетиншката кампања за филмот „The Hunt“, а стидиото по разгледување одлучило да го запре прикажувањето.
„Ги поддржуваме нашите режисери и работиме на дистрибуцијата на филмови на визионерски и смели филмаџии, како што се авторите на овој сатиричен трилер, но разбираме дека ова не е добар момент за лансирање на овој филм“, се наведува во соопштението.
Режисер на филмот „The Hunt“ е Крејг Зобел, а сценарист Дејмон Линделоф, кој беше сценарист и на хит-серијата „Исчезнати“.
https://www.youtube.com/watch?v=uMuY_V07zD4