
Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол.
Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „голф“ со битолски ознаки и џип „мерцедес“ со велешки регистарски таблички.
Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути.
Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата.
Полицијата, како ни службата за Брза помош од Кавадарци, засега не се можност да дадат повеќе детали околу случајот.