Руси на Далечниот Исток купуваат масовно јод поради страв од радијација

На далечниот север на Русија, масовно се купува јод поради кратката радијација како резултат на несреќа со воена ракета, јавуваат руските медиуми.

Залихите на јод во аптеките се на крај, особено во градовите Архангелск и Северодвинск.

Јодот може да спречи навлегување на радиоактивен јод во тироидната жлезда, но апчињата исто така може да предизвикаат здравствени проблеми.

Две лица загинаа, а тројца се повредени во несреќа што се случи минатата недела.

Новиот сајт на регионот Архангелск „29.ru“ објави дека апчиња со јод веќе нема во аптеките во овој град.

Исто така се наведува дека членовите на медицинскиот персонал, за време на евакуацијата на повредените во несреќата, носеле заштитни костуми – од хемиско и нуклеарно зрачење.

Официјални лица велат дека нивото на радијација околу 40 минути било повисоко од дозволеното во близина на воениот полигон во Нионокс, но потоа се вратило во нормала.

Министерството за одбрана соопшти дека експлодирал мотор на ракета со течно гориво, иако не е прецизирано за кој систем станува збор.

Бродови нема да можат да впловат во заливот Двина во Белото Море еден месец. Властите не ја објаснија одлуката за привременото затворање на пристаништето.

Селото Нинокс се наоѓа на 47 километри западно од Северодвинск, кој има население од околу 200 000 жители.

Во Северодвинск има бродоградилиште каде се градат и поправаат нуклеарни подморници за руската Северна флота.