Здрава исхрана, редовно вежбање, избегнување цигари и конзумирање на алкохол, претставуваат рецепт за долговечност.
Научиниците во новата студија објавена во магазинот „Preventative Medicine“, тврдат дека со избегнување на овие четири навики, пушење, конзумирање алкохол, лоша исхрана и неактивност, може да се продолжи животниот век.
Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Цирих, учествувале 16.721 лице, на возраст од 16 до 90 години.
Целта била да се утврди како здравите животни навики изгледаат изразени во бројки и потоа да се докаже како избегнувањето на нездрави навики може да допринесе до продолжување на животниот век.
Истражувањето покажало дека пушењето дефинитивно е најголемиот фактор на ризик, а пушачите имаат 57 отдто повголем ризик за прерана смрт. Исто така, лиѓето кои не избегнуваат ниедна од четирите лоши животни навики се двапати повеќе се склони на прерана смрт.
„Бевме прилично изненадени, дваипол пати поголем е ризикот од прерана смрт која ја создаваат овие четири фактори ако се комбинираат. На пример, веројатноста 75 годишен маж кој не избегнува ниеден од овие четири фактори, да ги преживее следните 10 години е само 35 отсто. Меѓутоа ако тоа исто лице ги избегнува наведените ризични фактори, шансите за продолжување на животот му изнесуваат друи 67 отсто“, тврдат истражувачите.
Освен тоа, влијанието на назедравиот начин на живот се зголемува со години. Лицата кои се меѓу 45 и 55 години и кои пуштат, пијат алкохол, не вежбаат и нездраво се хранат ефектот на негативните фактори е значително помал отколку кај лицата од 65 до 75 години.
Научниците порачуваат луѓето да се хранат здраво, да вежбаат, како и да се одречат од пороците, за што ќе бидат благодарни во поодминатите години.