
Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена откако била удрена од автомобил ноќта кон понеделникот во скопската населба Нерези, инфомираат од Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила синоќа во 23 часот на крстосницата од улицте „Војвода Васил Чакаларов“ и „Козле-6“ кога автомобил „пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од 61-годишнмиот Ѓ.З. од Скопје удрило во 18-годипната И.Д., исто така, од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.Д., која била пренесена во Комплекс клиники !Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.