(ВИДЕО) Специјалците ослободија полицајци заробени во куќа во Филаделфија

Припадници на елитните единици на американската полиција SWAT, ослободиле двајца полицајци кои биле заробени во куќа во Филаделфија со вооружен напаѓач по пукање во коешто се ранети шест полицајци, соопшти полицијата.

Напаѓачот останал забарикадиран во куќата, а полицијата го повикала да се предаде. Тимот специјалци, исто така, ги евакуирале осомничените кои полицијата ги уапсила во текот на рацијата, а кои исто така биле заробени во куќата, според полицијата.

Специјалците на SWAT тргнале во акција околу пет часа откако маж отворил оган врз полицајци кои носеле налози за апсења за дрога во северниот дел на Филаделфија.

„Полицајците и дополните затвореници кои биле во куќата со напаѓачот безбедно се евакуирани. Нашаѓачот останал вооружен внатре“, ракол началникот на филаделфиската полициска управа Рочард Рос.

Состојбата на сите ранети полицијаци е стабилна и никој нема повреди опасни по животот. Телевизијата прикажа неколку од нив како ја напуштаат болницата во средата ноќта, а еден од нив имал превртена глава и рака.

„Многумина од нив морале да побегнат преку прозорците и вратите за да го избегнат дождот од куршуми“, рече Рос.

Напаѓачот продолжил да пука врз возилото на специјалците паркирано пред куќата, погодувајќи ја и зградата од спротивната страна на улицата, додека полицајците се обидувале да испреговараат негово предавање. Полицијата го повикала на телефон, разговарале со него по мегафон,а во преговорите се вклучиле и членови на неговото семејство, додаде Рос. „Се обидуваме да го наговориме да излезе мирољубиво“, рече началникот.

Полицијата го повика локалното население да остане во своите домови и да го избегнуваат подарачјето откако во размената на огнот биле истрелани стотици куршуми. Се појавија и вести дека напаѓачот директно го пренесувал инцидентот на Facebook.

Локалните медиумит наведуваат дека напаѓачот има многу моќно оружје и значително количество муниција.

Американскиот претседател Доналд Трамп е запознает со пукањето и ја следи ситуацијата, соопшти Белата куќа. Инцидентот следи по низата масовни пукања во Калифорнија, Тексас и Охајо во кои напаѓачите убија десетици луѓе, а беа вооружени со полуавтоматски пушки.